Изградена со натрупано богатство, за кое сведочи и врската со паричната единица – дукати.
Под еден ист покрив се раѓале и растеле поколенија од различни светови – научници од областа на нуклеарната медицина, инженери-електротехничари, луѓе со различни судбини и призвања, поврзани со заедничкиот дом.
Дукатин Јованов ја изградил оваа куќа со дукати во појасот и со име што стигнало пред него. Подоцна, преку правнуката на градителот, куќата преминува во рацете на Страшко Богданов – свештеник и интелектуалец со прогресивни идеи – а под истиот дебарски таван се раѓаат професор по електротехника, научничка од областа на нуклеарната медицина и новинар.