Традициите и поврзаноста на заедниците со културното наследство во прекуграничниот регион на Бугарија и РСМ ќе бидат обединети во заеднички проект

 Традициите и поврзаноста на заедниците со културното наследство во прекуграничниот регион на Бугарија и РСМ ќе бидат обединети во заеднички проект

Проектот „Културна зона – заедница со културно наследство и атрактивен целогодишен туризам“ беше претставен денеска на прес-конференција во Регионалниот историски музеј во Ќустендил. Целта на проектот е да се претстави богатството на долгогодишните традиции и поврзаноста на културите во прекуграничниот регион, преку зајакнување на добрите практики за соработка во областа на културното наследство меѓу општина Ќустендил, општина Дупница, општина Крива Паланка (Република Северна Македонија) и општина Кратово (Република Северна Македонија).

Проектот ќе придонесе и за стратешкиот развој на регионот преку маркетиншки туристички пристапи, преку заеднички настани и иницијативи за животни простори и преку иновативни пристапи за претставување и социјализирање на културните вредности, како и за поврзување на културни и природни објекти.

Линк до целосната статија